Македонија
8. July 2015 - 19:27

Конференција на тема - ,,Антикорупција“: Најдобри практики во борба против јавната корупција‘‘

Македонија успешно се справува со високата корупција во која се вмешани обвинители,пратеници ,политичари и други носители на јавни функции.Со современото кривично законодавство на судиите и обвинителите обезбедени им се сите алатки за успешно справување со тие случаеви.

Нема држава без коруција неа ја прават луѓето ,тие од некои причини прават казнени дела но засилено се работи таа да се спречи открие и процесуира сметаат надлежните.

На дводневната конференцијата во Охрид на тема Најдобри практики во борбата против јавната корупција“присуствуваат судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници на релевантни институции.