Нова програма на СДСМ: Скратена работна недела, повисоки пензии, нула корупција
Од скратена работна недела од четири дена, повисоки плати, до 50 отсто зголемување на пензиите во еден владин мандат, безкаматни кредити за купување прв стан и 10.000 евра неповратна помош за оние што ќе се вратат во државата за да развиваат бизнис. Дел од мерките се и даночни олеснувања за граѓаните, но и воведување данок на луксуз.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја претстави програмата со која ќе се обиде да привлече поголема поддршка од граѓаните на парламентарни избори.
Програмата опфаќа над 100 мерки во повеќе од 20 области. Покрај повисок животен стандард, даночни реформи и енергетика, се предвидува и целосна дигитализација на јавните услуги за сузбивање на корупцијата, зголемување на ефикасноста на правосудниот систем, промоција на македонскиот идентитет и стратешко позиционирање со САД, како и меѓународни односи базирани на мултиполарен, а не биполарен свет.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е загрижен од активностите и критиките на опозицијата.
Програмата на СДСМ треба финално да биде усвоена на партискиот конгрес закажан за 7 јуни. До тогаш, Филипче ги повика сите заинтересирани и експерти да се вклучат во нејзино подобрување.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
