Конференција на ОБСЕ за сајбер/ИКТ безбедност во Скопје
Годишна Конференција за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за сите“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.
Конференцијата ќе ја отвори претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи.
-Сајбер/ИКТ безбедноста и подигнување на свеста за заштита од растечките закани од сајбер напади се дел од приоритетите во програмата на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, се наведува во соопштението од МНР за конференцијата.
Годинешната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност, има за цел да ја зајакне сајбер безбедноста и да изгради кохезивен политички пристап меѓу државните актери и другите засегнати страни, како што се приватниот сектор, академската заедница и невладините организации.
Конференцијата ќе послужи и како платформа за претставниците на земјите-учеснички во ОБСЕ, заедно со партнерските организации и другите чинители активно да се вклучат во суштинска дискусија за овие релевантни теми.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува