Конференција „Македонија кон целосно членство во НАТО“

Конференција на тема „Македонија кон целосно членство во НАТО“ ќе се одржи денеска во Министерството за надворешни работи.
Учесниците на конференцијата ќе дискутираат за теми поврзани со процесот на пристап на Македонија во НАТО, реформските зафати неопходни за исполнување на критериумите за членство и заложбите на новата Влада за деблокирање на евроатланскиот интегративен процес, како и за чекорите преземени за подобрување на добрососедските односи.
Конференцијата ќе ја отвори директорот на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР (ИГИНП), амбасадорот Абдулкадар Мемеди, а воведно обраќање ќе има министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и амбасадорите на САД, Џес Бејли и на СР Германија, Томас Норберт Герберајх.
На конференцијата најавено е учество и на високи претставници на Европскиот центар за безбедносни студии, НАТО, владини институции, како и на дипломатски претставници и на академската заедница.
Во рамки на конференцијата ќе се одржат и две специјализирани панели на теми - „НАТО придонеси кон безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан“ и „Република Македонија и НАТО: од активно партнерство до целосно членство“.
Конференцијата се одржува во коорганизација со Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР, Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Маршал и Алумни Асоцијација на Маршал центарот во Македонија.
Ново на Сител
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
