Македонија
21. August 2025 - 9:04

Конференција „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“

Конференција насловена „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“ ќе се одржи денеска во М6 Едукативниот центар во Скопје, на која домашни и странски експерти ќе говорат за концепти, активности и предлози за надминување на предизвиците со кои се соочува лозарството, особено во услови на климатски промени.

Како што информираат од Здружението на производители и извозници на вино и други пијалоци произведени од грозје „Вина од Македонија”, на конференцијата ќе се обратат претседателот на „Вина од Македонија“ Светозар Јаневски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, по што ќе следуваат презентациите на Милица Плетварска Атанасов, извршен директор на Здружението „Повардарски - ВРВ“; Александра Ристова, раководител на секторот за управување со лозови насади во Винарска визба „Тиквеш“; м-р Џовани Бигот, агроном, експерт и консултант, „Перлеуве“, Италија; д-р Клемен Лисјак, енолог и истражувач на Земјоделскиот институт на Словенија; Сандра Георгиевска, главен енолог во „Шато Камник“; и проф. д-р Климе Белески, професор на Земјоделскиот институт – Скопје. 

 

МИА