Македонија
6. October 2017 - 14:29

Коневски: Ќе изградиме уште една градинка во Аеродром

Изградба на нова детска градинка во рамки на градинката „Сонце“ во Реонски центар – Аеродром со четири нови занимални и зголемување на капацитетот за згрижување на уште 120  деца, најави денеска кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери Ивица Конвски.

При денешната посета на Реонски центар, Коневски вети и изградба на пешачка патека што ќе го поврзе со населба Лисиче, изградба на репрезентативна општинска зграда за потребите на општинската администрација, како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација пред ОУ „Александар Македонски“ и градинката „Сонце“.