-->
-->
Конечно победа за Сосиедад
-->

Реал Сосиедад, во Сан Себастијан, славеше над Спортинг Хихон 3:1 во последниот натпревар од 31.коло во Примера. Реал Сосиедад ја прекина серијата од четири натпревари без победа и го задржа чекорот со Виљареал во борбата за пласман во Лига Европа.
Реал Сосиедад на „Аноета“ прашањето околу победникот го реши во првите половина час кога најпрвин Вилијам Жозе, а потоа и Хуанми го совладаа голманот на Спортинг.
Во вториот дел, во 77.минута Берчиче ја потврди победата на Реал Сосиедат, а три минути пред крајот Елдерсон го постигна почесниот гол за Спортинг.
Реал Сосиедад ја задржа шестата позиција на табелата со 52 бода, два помалку од петтопласираниот Виљареал. Спортинг остана во опасната зона со 22 бода, пет помалку од Леганес, кој е во безбедната зона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
-

20 диви депонии низ Прилеп
-

Втор ден дебата за Буџетот
-

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира
