КОНЕЧНО: Дознајте лесно кој ви ѕвони со непознат број!
Фејсбук веројатно знае многу за вас, како и за мистериозните лица кои ви ѕвонат. Затоа компанијата претстави нова апликација која би требало да го реши проблемот со непознати броеви.
Апликацијата Hello моментално е достапна само на Android уредите и користи податоци од Фејбсук како би ви открила кој се крие зад непознатите броеви.
Секако, оваа апликација ќе ви открие кој стои зад непознатиот број доколку тоа лице ги споделило своите контакти на социјалните мрежи.
Доколку сте го оставиле својот број на телефон на Фејсбук, лицата со оваа апликација ќе знаат дека ги повикувате, дури и ако го немаат меморирано вашиот број во телефонот.
Оваа апликација исто така може да ја користите за да телефонирате или да пронајдете броеви кои ви требаат на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Русија - Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок
-
Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД
-
Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици
-
Осум активни пожари низ државата
-
Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
-
Без вода дел од општина Центар
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром
-
Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи