Македонија
9. јуни 2017 - 21:01

Конечно добри вести - Еве какво ќе биде времето утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи осум до 17 степени, а дневната од 21 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 30 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а не е исклучена и појава на невреме со град и засилен ветер. Потоа следува стабилизирање на времето со покачување на дневната температура.