Концертна промоција на „Рожба“ на музичкиот состав „Портал“
Претпоследниот настан од 18. Есенски музички свечености е концертна промоција на најновото цеде на Марјан Јанкоски и музичкиот состав „Портал“ насловено „Рожба“.
Содржи 11 композиции, од кои три се народни, а за осум Јанкоски е автор на музиката. Една од нив, насловена „Мило чедо“, Јанкоски му ја посветил на Тоше Проески.
- Сакавме да му се оддолжиме на Тоше за се што направи. „Мило чедо“ е авторско дело за мојот пријател и соработник, рече Јанкоски на прес-конференција со која беше најавена годинашната манифестација Есенски музички свечености.
Јанкоски е основач на групата „Портал“ во 2002 година и е вокал и изведувач на гајда и кавал. Во составот членуваат и: Сашко Петров (тамбура), Ангеле Михајловски (пијано), Иле Колев (кларинет), Елена Ѓоргиевска (вокал и виолина), Златко Панов (виола) и Стојанче Наумовски (виолончело).
Промоцијата, која ја организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, ќе се одржи во Музејот на македонската борба со почеток во 20 часот.
Ново на Сител
-
Хрватите гласаат на претседателски избори
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
-
Состојба на патишта
-
Студено со услови за магла по одделни котлини, температурите од -7 до 11 степени
-
Силекс на подготовки во Анталија
-
Клиентите на Халк Банка АД Скопје цел на лажна кампања за прибирање на броеви на картици и лични податоци
-
Му се заканиле ставајќи му моторна пила под вратот - дрвокрадци нападнале шумски полицајци во Велес
-
Судот му го одзеде пасошот на Јован Деспотовски по прифатените мерки на претпазливост