Македонија
5. September 2018 - 9:13

Концерт по повод ослободувањето на Делчево

Со концерт на кој ќе настапат тенорот Влатко Груевски и Андреј Наунов на пијано, в петок ќе се одбележат 74 години од ослободувањето на Делчево. Почетокот на концертот кој ќе се одржи во Спомен дом АСНОМ е закажан за во 20 часот.

Претходно како што информираат од општина Делчево ќе се организираат низа свечености по повод значајниот датум.

- Свеченостите по повод 74-годишнината од ослободувањето на Делчево ќе започнат во 12 часот со свечена седница на Советот на општина Делчево на која ќе бидат доделени општинските награди „7 Септември“ како и наградите од јавниот конкурс за избор на најубав двор во Делчево. Програмата продолжува со настап и рецитал на деца и ученици од детската градинка и двете општински основни учулишта како и мини концерт на делчевските уметници Дејан Ѓеоргиев - Ѕене и Горан Ќурчиски кои ќе настапат на пијано и тромбон. Вечерта е резервирана за концертот на тенористот Влатко Груевски и Андреј Наунов на пијано, информираат од општината.

По повод „7 Септември“ во 15 часот во дворот на ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 15 часот ќе се организираат спортски натпревари.