-->
-->
Концерт „Песни и ора од Егејот“
-->
Во Македонската опера и балет вечер ќе се одржи 11. традиционален концерт „Песни и ора од Егејот“. Ќе гостуваат фолклорната група „Св. Петка“ од село Жерви, Воденско, Егејски дел на Македонија, Национален ансамбл „Танец“ од Скопје, КУД „Кочо Рацин“ од Скопје, Љубен Стојанов од Петрич, Пирински дел на Македонија, Ристо Велковски од Скопје, Зоран Марковски, Мартин Костовски и Оливер Настовски.
Организатори на концертот се „Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушорадци од Лерин во Македонија“-Скопје, формирано во 1997 година и Сојузот на Македонците по потекло од Егејот - „МАКЕДОН“.
Програмата, според организаторите, е традиционална и има за цел да ги запознае нашите во Егејот со македонските песни, ора, јазик и култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмногу пари од унгарскиот кредит општините ќе потрошат за патишта
-
Казни за пешаците кои зборуваат на мобилен додека минуваат улица
-
Сител сторија: Единствениот дипломиран оџачар во Македонија е жена
-
5 деца само годинава се обиделе да се самоубијат, Меѓаши бележи пораст на нарушено ментално здравје
-
Обложувалници “Спорт Лаиф” реализираа донација од 4 милиони денари за дигестивниот оддел во Клиниката “Св. Наум Охридски”
-
Создавање на кадри според потребите на пазарот на трудот - Дали оваа политика може негативно да се рефлектира врз гимназиите?
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Таравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни