Концерт на Здружението на џез-музичари и слободни уметници
Здружението на џез-музичари и слободни уметници (ЗЏМ) од Скопје вечер од 20 часот во Македонската филхармонија ќе одржи предновогодишен џез-концерт насловен „Baby It’s Cold Outside“.
Концертот ќе биде составен од два дела и ќе го води диригентот Џијан Емин. Првиот дел, со наслов „Charlie Parker With Strings“, ќе се реализира во соработка меѓу ритам-секцијата на ЗЏМ Биг бендот и гудачката секција на Македонската филхармонија и солистот на алто-саксофон Кирил Кузманов. ЗЏМ соопшти дека оваа програма ќе биде изведена премиерно на концерт наменет за пошироката публика.
- Станува збор за изведба на компилациски албум на еден од најпознатите џез-саксофонисти и композитори на сите времиња, Чарли Паркер, кој е прогласен за најпродаван и е награден со Греми награда во 1988 година, информира ЗЏМ.
Вториот дел е концертен настап на ЗЏМ Биг бенд оркестарот на кој ќе настапат и вокалните солисти Џон Илија Апелгрен и Марија Димитријевиќ. Во вториот дел од вечерашниот концерт ќе бидат изведени дела од најголемите имиња од областа на џез-музиката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови