Концерт на студенти од Утрехт во Детската клиника
Студентскиот оркестар од Утрехт денеска ќе одржи концерт за децата хоспитализирани на одделите на Клиниката за детски болести.
Три групи на музичари ќе одржат мали концерти на три локации и тоа на Одделот за Хемато-онокологија, во Амфитеатарот на Клиниката и во игротеката на приземниот спрат. Целта е да се анимираат децата кои на Клиниката имаат подолг престој.
Инаку, Студентскиот оркестар од Утрехт е основан во 1823 година и е најстариот симфониски оркестар во Холандија. Секоја година оркестарот посетува различна држава пренесувајќи ја својата музика на различни култури. На своите тури, повеќе од 17 години, тие се предводени од нивниот диригент и уметнички директор Бас Полард.
Во Македонија покрај Клиниката за детски болести ќе одржат концерти и во Рамките на Скопско Туристичко Лето, Летниот Фестивал во Битола, во Домот за деца без родители - 11 Октомври и на уште неколку локации.
Соработката со Студентскиот оркестар од Утрехт е резултат на соработката на Клиниката за детски болести и Амбасадата на Кралството Холандија.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час