Концерт на оперската пејачка Ирена Крстеска во Токио
Македонската оперска пејачка Ирена Крстеска и јапонскиот баритон Јасунори Окумура синоќа настапија во концертната сала „Сугинами“ во Токио, Јапонија.
На концертот беа изведени дела од Моцарт, Шуберт, Рахманинов и Прокопиев, како и песната „Јовано, Јованке“. Крстеска отпеа и дела на јапонски јазик со што дополнително ги освои симпатиите на публиката.
Концертот беше поддржан од Македонската амбасада во Токио, а на него присуствуваше и македонската амбасадорка Андријана Цветковиќ.
- Културни настани како овој, на кој се случува синергија на култури, е најдобар начин за промоција на земјата и градењето на позитивна слика за Македонија, изјави амбасадорката Цветковиќ.
Медиумски покровител беше Националната телевизија на Јапонија, а продуцентите, како што информираат од македонската Амбасада во Токио, изразиле интерес и за продукција на повеќе содржини во врска со Македонија.
Настапот на Крстевска е организиран од Асоцијацијата за културна размена со Токио. За време на нејзиното гостување, таа ќе одржи повеќе концерти, на кои освен арии од Моцарт, Калман, Лехар, Дворак ќе изведе и повеќе дела на македонски јазик. Последниот концерт Крстеска ќе го одржи во добротворни цели за настраданите од големиот земјотерес и нуклеарната катастрофа во Тохоку, Јапонија.
Ново на Сител
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква