Концерт на Марија Муратовска Наумовска и Елена Атанасовска Ивановска
Концерт на класична музика на Марија Муратовска Наумовска-сопран, а во пијано придружба на Елена Атанасовска Ивановска се одржа на малата сцена во Народниот театар.
Тие настапија со дела од Пучини, Лехар и Штраус и на крајот изнудија долг и силен апауз од публиката. Двете уметници изминатите години настапувале на сцени во Велес, но првпат заедно и првпат на малата сцена во театарот во Велес.
- Првпат настапувам во овој простор, а публиката беше прекрасна. Изведував дела од Пучини и првпат ја изведов целата програма во Македонија. Тоа се соло песни од Пучини. Бидејќи Македонија нема традиција на оперети посакав да пеам арии од оперети и имаше неколку кои беа прифатени на воодушевување на публиката, онака како што очекував, изјави по концертот Маратовска Наумовска.
Елена Атанасовска Ивановска пијано исто така изрази задоволство што настапила пред велешката публика.
- Секогаш со задоволство настапувам во Велес. Во оваа сала имате прекрасни услови за концертно музицирање и чест ми беше што настапив со професорката Муратовска Наумовска, позната сопранистка, а на програмата беа дела кои беа промотивно изведени, изјави Атанасовска Ивановска.
Професорката од ФМУ Марија Муратовска Наумовска е наша позната сопранистка со меѓународна кариера. На оперската сцена настапила со бројни улоги како и на бројни културни манифестации.
Елена Атанасовска Ивановска е една од најуспешните и најафирмирани пијанисти во земјава, која активно учествува во музичкиот живот во земјава и странство. Работи како доцент по корепетиција и практика на ФМУ во Скопје.
Концертот е еден од трите концерти кои на двете врвни уметници како проект им ги додели Министерството за култура. По Куманово и Велес, третиот концерт е закажан за 17 мај во Кавадарци.
Ново на Сител
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат