Концерт на камерна музика во КИЦ-Скопје

Концерт на камерна музика со музичарите Карлос Казанова-кларинет, Смералд Спахиу-виолина, Астерид Проси-виолончело, Сихана Бадивуку-виолина и Блерим Груби- виола ќе се одржи вечер во Културно-информативниот центар - Скопје.
Блерим Груби е роден во Скопје, во 1965 година. Покрај искуството како член на Македонската филхармонија има и искуството со оркестарското свирење, а паралелно остварува и уметничка кариера како солист и камерен музичар.
Аристид Проси е роден во 1957 година. Учесник е на мајсторски курсеви во значајни музички центри во Европа со видни имиња, клучен дел од неговата кариера е камерната музика. Член е на Гудачкиот квартет „Тирана”, со кој настапува на бројни сцени во Европа. Со истиот квартет издадени се три компакт диска.
Смералд Спахиу е роден во Албанија. Тој соработува со различни групи на камерна музика, како концерт мајстор. Спахиу е основач на инструменталната група „Камерниот оркестар на филм“, кој извршува дејност на аудиовизуелни емитувања на музиката.
Карлос Казанова од Шпанија е еден од најталентираните музичари на неговата генерација и еден од ретките европски кларинетисти кои брилијантно го владее кларинетот во двата постоечки системи, француски и германски. Тој е првиот Шпанец кој е регистриран за интегрирани квартети за кларинет од финскиот композитор БХ CRUSELL, со солист Волфганг Мејер, со кого го објавил, Sinfonia Кoncertante за два кларинети верзија на Милер и гудачки квартет.
Сихана Бадивуку-Хоџа е родена во Приштина. Таа е концерт мајстор на Косовската филхармонија, член на ансамблот „ВИВЕНДИ“, Гудачкото трио „КОСОВА„. Ангажирана е во повеќе жирија на интернационални натпревари во Приштина, каде е и уметнички директор на фестивалите „Косовакамерфест“. Основач и претседател е на фондацијата „Арс“.
Ново на Сител
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
-

13-годишно дете пренесено во болница со полесни изгореници откако избувнал пожар во стан во Центар
-

Со Мултипла Склероза во Македонија живеат околу 2500 дијагностицирани пациенти
-

Муслиманите во Прилеп го одбележуваат Курбан Бајрам – за овој ден се разделува месо на социјално загрозените граѓани
