-->
-->
Концерт на „Фолтин“ во Крива Паланка
-->

Во Центарот за култура во Крива Паланка синоќа се одржа концерт на групата „Фолтин” која прв пат настапи пред кривопаланечката публика. Концертот е дел од проектот на „Фолтин“ за промоција на целокупниот репертоар на групата од сите осум албуми создадени во текот на 25-те години постоење, поддржан од Министерството за култура во рамки на програмата „Нов културен бран 2019″.
– Ова е трет по ред концерт во рамки на проектот, по Неготино и Куманово, вечерва во Крива Паланка, и мора да кажам дека секаде наидовме на одлична атмосфера, публика која уживаше во изборот песни создавани низ децениите, а се тоа пак, е уветира во она што претстои, нашиот нов албум кој е во финална фаза. Добро е што Министерството го поддржа нашиот проект и ова е наша заложба за да останеме во директен контакт со публиката, во периодот на наезда и наплив на различни музички стилови од Балканот. Мислам дека Министерството треба по сериозно да поработи на оваа тема, да ги поддржи и промовира македонските изведувачи, рече Пеце Николовски од „Фолтин”.
Николовски рече дека до средината на следната година, до почетокот на летото ќе трае нивната турнеја настапи низ државата, пред промоцијата на новиот албум.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“