Концерт на електроакустична музика со дела на композиторката Ана Пандевска
Во Музејот на град Скопје вечер од 20 часот ќе се одржи концерт на електроакустична музика со дела од младата и афирмирана композиторка Ана Пандевска.
На програмата се дела за пијано, гитара, хорна и четирирачно пијано и трака, меѓу кои „Landscape Atmosphere“, „Life in a box“, „Echo Illusions”, „The space time traveler“…
На концертот ќе настапат пијанистите Дуња Иванова и Ива Виденовиќ, гитаристот Ади Имери и Никола Велковски на хорна.
Ана Пандевска дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на одделот за композиција. Нејзин интерес и инспирација во дел од нејзините композиции се вокалната музика, фолклорот и џезот.
Авторка е на солистички, камерни, хорски и симфониски композиции. Во последните неколку години истражува во областа на електроакустичната музика. Како редовен член на СОКОМ, Пандевска е добитник на три награди за класична композиција.
Нејзините дела редовно се изведуваат на фестивалот Денови на македонска музика, како и на концерти во САД, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и во Македонија.
Ново на Сител
-
24 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
-
Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури
-
Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина
-
Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа
-
Трамп ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на официјална церемонија за потпишување мировен договор
-
Сончево и топло до 37 степени
-
На ГП Богородица се чека околу 30 минути
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме