Свет
26. January 2017 - 20:51

Концентрациониот камп Бухенвалд ја повлече поканата за лидерот на АФД

Управата на некогашнниот нацистички концентрационен камп Бухенвалд, кој сега е историски споменик, ја повлекла поканата за лидерот на покраинското претставнќтво на партијата Алтернатива за Германија Бјерн Хеке кој не е добредојден на прославата на денот на сеќавањето на Холокаустот.

Повлекувањето на поканата доаѓа по изјавите на Хеке кој побара Германија да ја прекине традицијата на потсетување на своето нацистичко минато, а говореше и против постоењето на споменикот на холокаустот во Берлин.

Претставник на споменикот на концентрациониот камп камп Бухенвалд Рикола Гунар Летгенау денеска за германските медиуми изјавил дека е неприфатливо Хеке да учествува на утрешната церемонија заедно со другите пратеници од Туринген, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Минатата недела Хеке, споменикот на Холокаустот во Берлин го нарече споменик на срамот и побара Германија да гледа позитивно на својата историја. Покраинскиот лидер на АФД и покрај тоа што не е добродеојден најави дека ќе учествува на церемонијата во Бухенвалд со објаснување дека управата на споменикот на културата нема ингеренции да одлучува кој може, а кој не може да присуствува.