Комунални интервенции врз улиците и дрворедите во Битола
Комуналните јавни претпријатија „Комуналец“ и „Нискоградба“ вршат комунални интервенции врз улиците и дрворедите во Битола кои се видливо оштетени.
Од ЈП „Комуналев“-Битола информираат дека високата снежна покривка предизвика штети врз дрвјата и дрворедите на булеварите и улиците во градот.
-Деновиве интензивно ги расчистуваме паднатите поголеми и помали гранки кои беа скршени од снегот. За разлика од минатите години кога падна малку снег и брзо се стопи или исуши, годинава падна многу снег, остана подолго време и натежна на гранките кои лесно се кршат. Со цел да нема пречки и опасности при движењето на пешаците по тротоарите, но и во сообраќајот бидејќи дел од дрвјата надвиснуваат над улиците, вршиме кастрење на гранките и отстранување на сметот, информираа од битолски „Комуналец“.
Екипи на ЈП „Комуналец“ вршат и метење на тротоарите и улиците, додека пак екипи на ЈКП „Нискоградба“ вршат санирање на дупките на коловозите во Битола.
-Рехабилитацијата на сообраќајниците на кои има оштетувања и дупки ја вршиме со поставување камени коцки и ладна асфалтна маса. Крпењето на ударните дупки настанати поради поларните температури и мразеви во изминатиот период е програмска активност, планирана пред почетокот на зимската сезона која годинава беше проследена со ниски температури и многу снег. Оваа година на улиците низ градот фрливме 360 тони сол и исто толку кубни метри ризла, потврдија од ЈКП „Нискоградба“-Битола.
Комунални интервенции во Битола вршат и од ЈП „Пазари“ кои во двата продажни комплекси што се наоѓаат во централното градско подрачје и во Нова Битола ги уредија пристапните влезови и други површини од нивна надлежност.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор