Loading Video...
Тенис
1. јуни 2022 - 18:55

Комплетирани полуфиналните двојки кај дамите на Роланд Гарос

На вториот овогодишен Грен-слем тениски турнир, Роланд Гарос, денеска ќе бидат комплетирани полуфиналните парови во двете конкуренции. 
 
Кај дамите. Топ фаворитката Швјатек за противничка во полуфиналето ќе ја Русинката, Касаткина
 
На првата носителка Ига Швјатек од Полска и беа потребни само два сета во четвртфиналето да ја победи Американката, Џесика Пегула, а нејзината противничка Дарија Касаткина во два сета го доби мечот со сонародничката Вероника Кудерметова.
 
Потсетување дека првата полуфинална двојка кај дамите ја сочинуваат 18-годишната американска тинејџерка Коко Гауф (18носителка) и Италијанката, Мартина Тревисан.