Компаниите во ТИРЗ со 21 предлог за подобрување на бизнис климата

Компаниите кои фукционираат во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) и другите странски инвеститори на денешната 24. тематска седница на Економскиот совет доставија 21 предлог со кој сметаат дека нивната работа ќе биде поефикасна, а воедно ќе се поедностават одредени административни процедури.
Со седницата, која се одржи во Владата и со која претседаваше вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, се покренати иницијативи за одредени услуги кои се овозможуваат да ги користат компаниите во ТИРЗ, понатамошно унапредување во делот на меѓународните трговски договори на Македонија, како и работењето во индустриските - зелени зони лоцирани во општините.
Овие теми, информираат од кабинетот на Пешевски, се дополнување на главните тематски области на досега одржаните седници кои беа од областа на: животната средина - особено во делот на решавање на различен вид на отпад, царинското работење во и надвор од ТИРЗ, работните односи, образование и обука, мерки на вработување на работна сила, финансиско и девизно работење, меѓународен сообраќај, работни дозволи и престој на странци.
- Претставниците на компаниите кои присуствуваа на седницата истакнаа дека овој начин на работа, кога периодично имаат можност директно да ги изнесат своите предлози и барања до Владата, е особено ефективен и помага за креирање на уште подобра бизнис клима во земјата, посочуваат од кабинетотна Пешевски.
Овие иницијативи, додаваат, се особено важни за работата на самите компании, но од нив произлегуваат и измени на легислативата со која се унапредуваат бизнис условите за сите странски компании или дел од компаниите од исти индустриски гранки.
- Вицепремиерот Пешевски потенцираше дека Владата има воспоставено одлични релации со бизнис заедницата и дополни дека напорно работи оваа соработка да се подигне на уште повисоко ниво. Посочи дека компаниите кои функционираат во ТИРЗ и другите странски компании имаат особено големо влијание во целокупниот економски раст на земјата. Според плановите за развој на компаниите, бројот на вработени во овие компании во наредниот период ќе достигне 34.000 лица, извозот од година во година е се повисок, а дополнителна добивка е што структурата на извозот се менува во позитивна насока и се повеќе се извезуваат производи со повисока додадена вредност, велат од неговиот Кабинет.
Пешевски, додаваат, потенцираше дека седниците на Економскиот совет се одлична можност да се слушнат искуствата на мултинационалните компании кои имаат инвестирано во Македонија, и да се изнајде можност да се модифицираат и имплементрираат во домашната легислатива со што ќе се придонесе за креирање на подобри бизнис услови и кон повисок економски раст на Република Македонија.
- Странските компании пројавуваат се поголем интерес за учество на седниците на Економскиот совет, а на денешната седница освен претставници на странските компании, за првпат, присуствуваа и претставници на две домашни компании Хај Тек Асембли Центар и Технопласт, кои ги започнаа своите инвестициски проекти во ТТИРЗ Скопје, нагласуваат од Кабинетот на Пешевски.
Со цел подобрување на бизнис климата во Република Македонија, од септември 2014 година започнаа да се одржуваат редовни седници на Економскиот совет со странски инвеститори, три до четири пати на годишно ниво.
На досегашните 24 седници, вклучувајќи ја и денешната, компаниите доставија над 100 предлози и ининцијативи, од кои целосно се имплементирани околу 70 отсто, а останатите се во тек на реализација.
На седницата присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, гувернерот на НБРМ Димитар Богов, замениците министри за економија Христијан Делев, за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо, како и претставници од органите на државната управа за кои се однесуваат дел од иницијативите предложени на денешната седница.
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
