Компаниите во Словенија го губат интересот да произведуваат заштитни маски
Словенечките компании го губат интересот да произведуваат заштитни маски потребни пред се за борба против коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Главната причина за ова според раководствата на производните капацитети е тоа што тие не можат на направат маска, како што велат ,по „кинеска цена“.
-За жал навистина не можеме да изработуваме маски со цена како оние што доаѓаат од Кина и затоа решивме да престаниме се производство и целосно да се вратиме на нашата првична дејност. Се надевам дека нема да има втор бран на коронавирусот и нама да има потреба повторно да зборуваме дека изработката на маски од дома е од клучно значење во справувањето со пандемијата, изјави за Телевизија Словенија Марјан Тробиќ, директор на компанијата Боксмарк.
Од Заводот за стоковни резерви на Словенија објави дека засега имаат доволни количества заштитни маски и опрема потребна пред се за медицинскиот персонал.
На почетокот на епидемијата, односно во март, во земјата имаше голем недостаток од заштитна опрема, пред се маски, па Владата ги повика сите компании кои се во можност да го запрат редовното производство и да почнат да изработуваат заштитна медицинска опрема.
Според податоците, пет отсто цела заштитна медицинска опрема во земјата е од словенечко производство.
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите