Македонија
21. September 2021 - 19:53

„Комодита“ со голема донаторска акција, денеска ги предадоа првите 1.500 душеци за болницата во Козле

Под слоганот „Секој сон е важен“ компанијата Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи во домот, ја  започна својата  хуманитарна акција. Првата донација од 1500 душеци беше наменета за детската болница во Козле. Харитон Гаџовски од Comodita Home вели дека до крајот на годинава планираат да донираат во повеќе здравствени установи, домови за стари лица,  домови за деца без родители како и на загрозени семејства.

Директорот на детската болница во Козле Бесник Зеќири се заблагодари за донацијата и се надева дека соработката ќе продолжи.

Comodita Home во Македонија постои од 2019 година. До сега отворени се 19, a наскоро се отвара и 20-oт продажен салон во земјава. Следната донација ја најавија за две недели.