Комисијата за прашања на изборите и именувањата усвои неколку предлог-одлуки
Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги утврди предлог-одлуките за именување заменик-генерален секретар на Собранието на Република Македонија, за разрешување член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво.
На функцијата заменик - генерален секретар на Собранието на Република Македонија е предложен Неџбедин Ибраими, дипломиран правник.
На седницата беше истакнато дека Државниот совет за превенција на детско престапништво до Комисијата поднел иницијатива за престанок на мандат на Елена Талев, член на Државниот совет и претставник на Врховниот суд на Република Македонија поради неоправдано отсуство на повеќе од три седници континуирано.
Во врска со предлог-одлуката за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, претседателот на Комисијата Зоран Илиоски истакна дека министерот за правда согласно Законот за правда за децата доставил Предлог за член на Државниот совет за превенција на детско престапништво како претставник на Министерството за образование и наука.
По разгледување на предлог-одлуките, тој информира дека по огласот за именување претседател, заменик-претседател и заменик-член на Комисијата за решавање жалби во областа на енергетиката, распишан од Собранието на 29 јули, не може да се утврди предлог за ниту едно место за кое се однесува огласот бидејќи, како што посочи, се пријавил само еден кандидат кој не ги исполнува условите.
Додаде дека е потребно Собранието, согласно Закон, да распише нов оглас.
Ново на Сител
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
-
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна