Комисијата за категоризација во посета на хотелот „Александар II“

Тринаесетчлена комисија од различни институции предводена од министерот за економија Крешник Бектеши денеска го посети скопскиот хотел „Александар II“ со цел да ја утврди неговата категоризација.
Хотелот, како што истакна неговиот директор Спиро Сорогунов веќе работи, но неопходна им е категоризацијата за да знаат посетителите во каков хотел доаѓаат уште кога ќе букираат.
- Како министер за економија кој ја води постапката за категоризација одлучив денеска да дојдам на лице место и да го видам начинот на кој членовите на комисијата проверуваат дали се исполнети сите услови од хотелиерите и врз основа на што се дава категоризацијата. Тоа го правиме бидејќи сме повеќе од заинтересирани за да има лојална конкуренција во земјава во хотелиерството, изјави Бектеши по посетата на хотелот.
Имајќи во предвид дека континуирано се зголемува туризмот во Македонија, нагласи, многу е важно сите странски и домашни туристи да имаат точен преглед кога букираат во земјава и кога им се нудат хотелските услуги за да дојдат на одмор.
Директорот Сорогунов посочи дека секоја нова инвестиција во хотелиерството е дополнителен придонес во македонската економија која е во пораст, а со тоа, како што кажа, се повеќе туристи го посетуваат Скопје, но и целата земја.
- На тој начин можеме да им покажеме на другите дека и ние можеме паралелно да одиме со нив и да одиме напред. Ние се направивме за да биде хотелот подготвен, но на комисијата и останува да одреди дали ќе го категоризира со три, четири или пет ѕвезди. Очекуваме категоризацијата да ја добиеме најбрзо што може зашто е во интерс на сите да работиме, изјави Сорогунов.
Хотелот „Александар II“ е во сопственост на АД Караорман кое го поседува и скопскиот хотел „Александар сквер“, а според најавите од директорот Сорогунов се очекува и во иднина да го шири бизнисот во хотелиерството.
Ново на Сител
-

Лебот и пецивата под притисок за поскапување
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
