Комисија од британски парламент: Меј да докаже дека „никаква зделка е подобра од лоша зделка“
Британската премиерка Тереза Меј треба да докаже дека „никаква зделка е подобра од лоша зделка“ откако предложи прогноза за економските последици од Брегзит во случај Лондон и Брисел да не постигнат согласност како да се изведе процесот. Тоа го соопшти британска парламентарна комисија за напуштањето на Европската унија.
Комисијата составена од пратеници од различни партии ја повика владата да соопшти што ќе прави ако не постигне договор со ЕУ во двегодишните преговори.
Меј нагласи дека е подготвена да ги напушти преговорите без никаква зделка отколку да прифати „лоша зделка“. Но, владата не прецизира што значи лоша зделка.
– Парламентот треба да биде информиран за да може да оцени дали зделката е подобра или полоша отколку никаква зделка, изјави Хилари Бен, претседател на Комисијата.
Ново на Сител
-
Ноќеска тишина го обви Штип - „Ѕвездено небо“ за загинатите во Кочани
-
Збогум Буково - Приоритет заштита на животната средина
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто се скапи земјоделските производи? Кој заработува на грбот на земјоделецот?
-
22-ри „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Марјан Николовски, професор на Факултет за безбедност
-
Подметнат пожар во автосервис во близина на „Стаклара“
-
Мицкоски: Пожарите доаѓаат од центри на моќ за да сејат страв, идентификувани се 20 лица