Комисии во МЗШВ ќе ги утврдуваат штетите од невремето

Владата на Република Македонија доцна синоќа на седница ја разгледа и усвои Информација за невремето од 20 јули 2017 година како и за причинетите штети на земјоделски култури во ресенскиот и тетовскиот регион.
Како што соопшти владината прес-служба, задолжено е Министертството за земјоделство, шумарство и водостопанство да формира комисии што ќе предложат решенија по поднесените барања за утврдување на настаната штета, од страна на носителите на земјоделски стопанства или организации на производители.
На седницата на Владата била усвоена Информацијата за ратификување на Договорот од Париз за климатски промени.
- Станува збор за ратификација на договор што треба да придонесе кон заштита на животната средина, за којшто постапка била почната, но не се реализирала. Донесена е одлука Министерството за животна средина и просторно планирање да го достави до Министерството за надворешни работи оригиналниот текст на Договорот од Париз, со предлог за покренување постапка за ратификација на Договорот од Париз и образложение, најдоцна во рок од 15 дена, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Мицкоски на светскиот економски форум во Давос
-

Утре повторно протест пред Усје
-

Обвинетите тврдат, немало план за убиството во Штип
-

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро одбележан Денот на рибарите
-

Трипуновски: Младите да ги искористат поволностите и рентабилноста на тутунопроизводството
