Балкан
4. December 2017 - 13:07

„Комерсант“: Новата американска стратегија за Балканот значи враќање на САД во регионот

Доколку биде прифтена, новата американска стратегија за Балканот ќе значи враќање на САД во регионот и обид да не и се дозволи на Русија јакнење на нејзините позиции, оценува московскиот весник „Комерсант“.

Весникот потсетува дека предлогот на новата балканска стратегија е подготвен од Атланскиот совет, кој е близок до Администрацијата на САД, и иако нема официјален карактер, тој може многу брзо да стане платформа за американската политика за Балканот.

„Комерсант“ пишува дека можната намера на Вашингтон за поактивно решавање на македонското прашање наведена во стратегијата, ја потврдуваат и информациите дека новиот американски амбасадор во Скопје ќе биде Хојт Брајан Ји, кој активно учествувал во подготовката на документот за новата балканска стратегија.

Весникот наведува дека на Балканот на објавениот документ реагираа „многу сериозно и заинтересирано“.

Александар Вучиќ

- Зголемен интерес, секако покажа Србија, која во него зазема посебно место. Претседателот Александар Вучиќ за докуметот изјави дека станува збор за важна тема, пишува московскиот весник.

Извор близок до властите во Србија за „Комерсант“ изјавил дека документот е многу позитивен за Белград, бидејќи „го признава значењето на Србија во регионот и е во согласност со напорите на Белград да имаат стратешки односи со САД",

„Комерсант“ додава дека авторите на овој документ го имале предвиде на стремеж на Белград за стратешко партенство со Вшингтон.