Комерцијална банка: Банките немаат информации за содржината во сефовите
Комерцијална банка АД Скопје во врска со случајот во Битола што го пријави ресенчанецот К.Ш. (51) дека од неговиот изнајмен сеф му недостигаат 129.400 швајцарски франци информира дека на 5-ти овој месец во банката е примена рекламација од клиент и оти таа се испитува од надлежните служби во Банката.
Во соопштението до медиумите појаснуваат дека согласно правилата за работа на банката, како и законските прописи, банката нема информација за содржината која корисниците ја чуваат во сефовите, ниту води евиденција за неа. Додаваат дека пристапувањето до содржината на сефовите е можна исклучиво од страна на корисникот на сефот или од него овластено лице.
Министерството за внатрешни работи вчера информира дека ресенчанецот К.Ш. (51) во полицијата пријавил дека од изнајмен сеф во Комерцијална банка во Битола му недостигаат 129.400 швајцарски франци.
К.Ш. последен пат сефот го отворил на 5 август годинава. При извршениот увид во сефот во присуство на оштетениот, службени лица од Комерцијална банка, биле пронајдени 70.600 франци и 250.000 денари за кој К.Ш. тврди дека не биле негови.
Со стореното дело непознатиот сторител се стекнал со противправна имотна корист во вредност од околу 7.246.400 денари.
Ново на Сител
-
ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб
-
Хрватска ќе уништи пратка со сок од јаболко од Србија поради присуство на токсини
-
Членови на анархистичката група Рувиконас фрлија летоци пред домот на новоизбраниот грчки претседател поради железничката несреќа
-
Њујорк тајмс: Стејт департментот планира да купи Сајбертрак блиндирани возила на Tесла за 400 милиони долари
-
Kaj 22-годишна девојка пронајдени три кеси марихуана | ВИДЕО
-
Трамп најави средба со Путин во Саудиска Арабија
-
За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи