Комеморативна седница во Охрид по повод смртта на академик Цветан Грозданов
Охрид денеска со комеморативна седница се збогуваше со својот сограѓанин, академик Цветан Грозданов, човекот што целиот свој живот го посвети на својот роден град промовирајќи го низ светот.
Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски пред присутните на комеморацијата истакна дека Грозданов е меѓу великаните кои влегуваат во колективната меморија поради вечноста на нивните дела. За Цветан Грозданов тој рече дека е човекот кој животот му го посветил на овој древен град и прецизно го позиционира на врвот на светските цивилизациски вредности.
- Животот, творечката енергија, научниот предизвик и филигранската интуиција, ги подари на потрагата по вредностите на уметноста задскриени во црквите и манастирите и археолошките наоѓалишта... Како признат општественик и амбасадор на македонската научна и културна мисла во светот, со својата научно фундирана посветеност кон историјата на уметноста, зад себе остави извонредно богат творечки опус, но и многу негови современици кои продолжуваат да го доодуваат патот по кој чекореше, рече меѓудругото Стојаноски.
Археологот Паско Кузман забележа дека академик Грозданов замина од нашето и неговото минато, од нашата и неговата сегашност, за да отиде во иднината и во еден од паралелните светови на трите профили од времето.
- Во тој паралелен свет се живее sub specie aeternitatis (во светлините на вечноста), што значи овој наш човек отиде таму не по дефиницијата за подарена, туку со одработена и заслужена привелегија, одразена со беспрекорна научна интерпретација за средновековните културни, уметнички и духовни вредности на Охрид, Македонија и балканските простори, значајни не само за овие регионални пространства, туку и за европските и светските културно-историски, духовни и уметнички текови, рече Кузман.
Академикот Цветан Грозданов е роден на 5 март 1936 година, а почина на 30 март 2018 години. Неговите посмртни останки беа погребани вчера на градските гробишта во Охрид.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија
-
Македониумот под вода, Љутков најавува реконструкција