-->
-->
Комеморација за директорот на кумановскиот Центар за култура
-->
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска се одржа комеморација на која колегите и пријателите се простија од дирекеторот Роберт Павлевски кој почина ноќеска во сообраќајна несреќа во Куманово.
Присутните му одадоа почит на Павлевски со едноминутно молчење, по што во име на вработените се обрати Сузана Трајковска, која рече дека Павлевски ќе остане запаметен како ведар човек, добар организатор и, пред се, пријател, човек кој неизмерно ја сакал музиката.
Актерот Горан Илиќ истакна дека Павлевски прерано си заминал и изрази сочувство до најблиските. На комеморацијата беа прочитани телеграми со сочувство од повеќе театри од Македонија и од Силистра од Бугарија.
Четириесетгодишниот Павлевски загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска еден час по полноќ на булеварот „Трета македонска ударна бригада“. Во несреќата повредени се уште четири сопатнички, од кои две се задржани во кумановската болница, а две се префрлени на скопските клиники.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ
-
СДСМ: Власта да им ги зголеми платите на административците
-
Нови авио линии
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија