Македонија
11. November 2017 - 17:33
Комеморација во Битола и во Прилеп: Заедничко одбележување на денот на помирување меѓу Франција и Германија
Почитта кон милионските жртви од разорните војни од минатиот век , како и помирувањето помеѓу Германија и Франција, после Првата светска војна, денеска во Прилеп го собраа целиот дипломатски кор во земјава, кој на Германските гробишта положија венци во спомен на 9-ти ноември - Денот на народната жалост за жртвите од светските војни и 11-ти ноември - Денот на Примирјето помеѓу овие две европски држави.
Според амбасадорите на Германија и Франција, земајки ги предвид и актуелните слики на милионите луѓе кои бегат од војна и насилство, само повеќе ја налагаат потребата од меѓусебна почит солидарност, соработка и помирување меѓу народите за Европа да стане подобар континент за сите.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->