„Комедија на грешки“ на интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“
Интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“ по синоќешниот настап на актерите од Србија кои ја изведоа претставата „Перикле“, продолжува со изведба на две исклучителни претстави кои го негуваат безвременото творештво на Вилијам Шекспир.
Вечер на сцената на Народниот театар во Битола ќе биде изведена претставата на Турскиот театар од Скопје, „Комедија на грешки“ во режија на Коле Ангеловски.
- Станува збор за забавна и позитивна комедија и длабоко се надеваме дека ќе уживате додека ја гледате, како што ние уживавме додека ја работевме, истакна режисерот Коле Ангеловски во пресрет на вечерашниот настап на катерите од Турскиот театар-Скопје.
Утревечер, во Народниот театар во Битола, на фестивалскиот репертоар е претставата „Кориолан“ во изведба на ансамблот „Хамошавот“ од Зихрон-Јахов, Израел.
- Претставата е во режија на Итаи Дорон, а на интернационалниот театарски фестивал Акко/Акре во Израел беше наградена со три високи признанија, и тоа за најдобра претстава, најдобар актер и најдобра актерка, информираат од фестивалскиот прес центар.
„Битола Шекспир фестивал“ кој се одржува со поддршка на Министерството за култура, од годинава е полноправна членка на Европската асоцијација на Шекспир фестивали.
Ново на Сител
-
Конте може да го напушти Наполи: Ми треба почит, не можам да живеам со надеж за чуда
-
Варди за испаѓањето на Лестер од Премиер лигата: Тоа е целосна срамота
-
Натпреварите во Серија А одложени поради смртта на папата Франциск ќе се одржат на 23 април
-
Ленард со 39 поени ги предводеше Клиперс до победата над Денвер
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека еден час за влез во државата
-
Кардиналите ќе разговараат за погребот на папата
-
Бела куќа: Трамп стои зад министерот за одбрана по протекувањето информации од Пентагон
-
Рејтингот на Трамп најнизок откако по вторпат стана претседател