Колумбискиот претседател вели дека кокаинот „не е полош од виски“
Кокаинот „не е полош од виски“ и е нелегален само затоа што доаѓа од Јужна Америка, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро за време на директен пренос од владиниот состанок.
За време на шестчасовниот министерски состанок — емитуван во живо за првпат досега — левичарскиот претседател рече дека „кокаинот е нелегален затоа што се произведува во Јужна Америка, а не затоа што е полош од вискито“.
„Научниците го анализираа ова. Кокаинот не е полош од вискито“, додаде тој, сугерирајќи дека глобалната кокаинска индустрија би можела „лесно да се разбие“ доколку дрогата биде легализирана ширум светот.
„Ако сакате мир, мора да го уништите бизнисот (шверцот со дрога)“, рече тој. „Лесно би можело да се растури ако го легализираат кокаинот во светот. Би се продавал како вино“.
Петро, исто така, истакна дека фентанилот „ги убива Американците и дека не е произведен во Колумбија“, мислејќи на опиоидот одговорен за околу 75,000 смртни случаи во САД годишно, според официјалните податоци.
„Фентанилот е создаден како лек во аптека од северноамерикански мултинационални компании“ и оние што го консумирале „станале зависници“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”