Живот
19. August 2015 - 12:46

Колкав коефициент на интелигенција имаат Македонците?

Чешкиот математичар и аналитичар Јакуб Мариан направи интересна карта на Европа, која го прикажува просечниот коефициент на интелигенција на европските земји. Тој користел податоци од 2007 година, објавени во научниот труд „Г факторот на меѓународна споредба на когнитивни способности“ од Хајнер Риндерман, кој користел податоци од тестовите за интелигенција спроведени во земјите во Европа.

На картата Албанија е истакната со коефициент 83, кој се смета за просечен.

До неа е Босна и Херцеговина со коефициент 84, а тука се и Турција со коефициент 88, како и Македонија со коефициент 88. Просечниот коефициент во Хрватска е 90, во Србија 91, а во Словенија изнесува 99.

Најголем коефициент на интелигенција е измерен во Финска и тој изнесува 103.