„Колектив Зеро“ со изложба „Зерорендум“ во Демир Хисар
Во Домот на културата во Демир Хисар, кој е Град на културата во 2018-та, вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Зерорендум“ на „Колектив Зеро“.
Изложбата е надополнување на постојната колекција на фотографии „Paperworks“. Станува збор за фотографии врз кои се извршени сликарски интервенции кои дообликувајќи ги, им дават нова димензија, структура и порака.
- Овие фотографски-сликарски дела во согласност со индивидуалниот сликарски ракопис на авторите се проткаени со елементи на психоделија и надреалност, како и една откровенителна „нова реалност“ каде уметниците во улога на креатори ја отпочнуваат и формираат „новата реалност“, наведува Јасмина Котевска, автор на текстот на каталогот за изложбата.
Колективот Зеро – 0, (Нулта точка до бесконечност) е група македонски уметници чии почетоци се во 1980-тите години. Групата беше активна на македонската сцена преку разни видови уметност - сликање мурали, изведба на перформанси..., што во тие години беше новина на македонската уметничка сцена.
Инспирирани од постмодернизмот и филозофијата на Истокот, зад себе тие оставаат голем број уметнички активности и ќе влезат во историјата на македонската уметност како еднинствен обид на уметничко делување надвор од институционалните норми.
По нивната ретроспективна изложба во 2009 година во Мала станица, тие повторно се здружија во 2011 година, овојпат именувани како „Колектив Зеро“.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност