Коледарски оган спроти Бадник во Дебар

Православните Македонци во Дебар, со палење коледарски оган спроти Бадник, го почнаа одбележувањето на еден од најголемите празници, Христовото раѓање – Божик.
- Продолжува традицијата. Посакувам мир, благососојба, здравје, среќа за сите, вели Наташа Андоновска која беше најсреќна бидејќи и се падна паричката од бадниковата погача која ја подготви годинашната кума Илина Трајановска.
И повозрасните и младите дебрани велат дека ја продолжуваат традицијата.
- Иако не има се помалку, не повеќе од сто на број, ја продолжуваме традицијата наследена од нашите предци. Тоа ќе го правиме се додека не има, вели Зафир Раички.
Попладнево во црквата „Успениие на Пресвета Богородица“ во горниот дел на градот, како што било со векови, ќе се одржи богослужба во чест на Христовото раѓање.
Утре и во наредните денови богослужби ќе бидат одржани во црквата Света Петка.
Богослужби се одржуваат и во македонското древно светилиште Бигорскиот манастир, каде што вечерва ќе има и сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово.
Според дебарската традиција верниците од исламска релгија, соседи, пријатели, колеги, ќе бидат гости кај нивните православни сограѓани.
Ново на Сител
-

Психијатриска проценка на 25-годишникот што задуши жена во Старо Нагоричане
-

Албанската царина благодарна на македонските власти за дозволата камионите да минуваат преку Блато
-

Сончево и стабилно време до почетокот на следната седмица
-

„Ногата ми беше приклештена, мирисот те успиваше“ - сведочеше придружниот вокал на ДНК
-

Првпат без ниту еден прекршок за поминување на црвено светло преку „Save City“
-

Николоски: Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа
-

Во затворот во Куманово се однесувале нечовечки кон сопственикот на „Пулс“, адвокатката бара префрлање во Идризово
-

Македонците онлајн плаќаат за интернет или мобилни услуги двојно повеќе од европскиот просек
