Која е девојката на која е посветен светскиот хит „Shape of you“
Девојката која Ед Ширан ја опишува во популарниот хит „Shape of you“ е неговата девојка Чери Сиборн. Двојката се запознале уште во средно училише, а се забавуваат во последните две години.
Чери после матурата ја напушти родната Англија и замина во Америка на студии. Но, во текот на американската турнеја на Ед, повторно се поврзаа и така се почнало. Љубовта цвета, а двојката има големи заеднички планови.
- Еден ден сето ова ќе помине, а единствена личност за која сум сигурен дека ќе биде тука е Чери, призна за Ед Ролинг Стоун.
Ед во неколку наврати откри дека албумот „Divede“ го посветил токму на неа и дека таа е неговата најголема инспирација. А тексот на песната „Shape of You“ го напишал пејачот, па сите мислат дека стиховите се посветени на Чери, што тој не дематнираше.
Иако песната требало да ја пее некој друг изведувач, сепак Ед ја сними и постигна полн погодок. И светски хит.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении