Кој вози бесни глисери по Охридското езеро?
Покрај 4-те бродови кои го вратија сјајот на охридската бела флота, украс на синото езеро се повеќе се и луксузните пловила. Најскапиот глисер кој плови по Охридско чини нешто повеќе од 200.000 евра,на кој што во долгото и топло охридско лето, ужива семејство кое припаѓа на македонската бизнис елита, објави телевизија Алфа.
Во екот на сезоната, во струденчишкиот канал ,,Билјанин извори” се закотвуваат бројни луксузни пловила, најскапите чинат од 100 до нешто повеќе од 200.000 евра а безмалку сите се сопственост на македонци. Иако цената е висока, станува збор за средно луксузни пловила кои се купени во Италија и САД, бидејќи на Балканот ги нема.Во Србија и Турција се произведуваат само серија мали пловила. Современите пловила стануваат тренд,факт е дека можат да се најдат и по далку поприкладни цени од овие екстра луксузните.
“Настапи на сцена Кина, настапија на сцена и други пазари ,цените на пловните објекти паднаа и тоа е тренд.Луѓето веќе имаат повеќе начини да се снабдат со еден таков пловен објект, рекреативен и да, од година во година бројот се зголемува.Доаѓаат убави современи еколошки, по последна мода направени пловила што е за поздравување“ вели Горан Устијаноски-Капетанија на пристаништа.
Ова лето на риверата престојуваат и срби, германци, холаѓани ,туристи од западните земји, кои си ги понеле и луксузните пловила и јахти,за кои поседуваат пловидбена дозвола од матичната земја,уредно пијавувајќи ги во охридската капетанија.
“Кај нас обично крестарењата и пловидбата се еднодневни така што луѓето се орјентираат на такви пловила со помали димензии до 10-ти максимум до 12 метри кои имаат определени затворени простории да може да се одмара во текот на денот н не се за повеќедневни крстарења да има дневен прстој да има повеќеспални и тн.на крајот на краиштата имаме ограничувачки фактор-траснспортот до нашево езеро“ изјави Устијаноски.
Сепак нешто што е во тренд и станува се поатрактиво се забавите кои се прават на луксузните јахти,пловејќи по езерото.
Инаку, според регистарот на капетанијата,во Охридско можат да пловат 500 пловила,од кои 30 на странски државјани.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
-
УЕФА истражува четворица играчи на Реал Мадрид
-
Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
-
Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд на целата територија на земјата
-
Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија
-
Макрон: Не може да има укинување на санкциите за Русија пред да се воспостави мир во Украина
-
Синдикатот на УПОЗ со поддршка на ранетата службеничка и на вработените во ЦСР-Прилеп, најавеното обезбедување што побрзо да се реализира
-
Стартува новата авиолинија од Истанбул до Охрид