Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
Најмалку шест лица загинаа, а деветмина се повредени при потонување на туристичка подморница во близина на египетското одморалиште Хургада на Црвено Море, објави египетскиот весник „Ал Ахрам“.
Во подморницата имало 45 руски државјани, а 29 лица се спасени.
Подморницата Синдбад со години превезувала туристи да го истражуваат подводниот свет на Црвено Море, а според веб-страницата на компанијата што управува со неа, таа е една од само 14-те туристички подморници во светот. Подморницата имала капацитет за 44 патници и се спуштала на длабочина од 25 метри, нудејќи поглед на околу 500 метри корален гребен.
На крајот на ноември туристичкиот брод потона во Црвено Море во близина на одморалиштето Марса Алам, при што 11 луѓе загинаа, а 35 се спасени.
На почетокот од февруари туристички брод потона во близина на Џабал ал Зајт, северно од Хургада. Сите луѓе на бродот беа спасени.
Туризмот е клучен извор на девизи за Египет, а руските туристи се меѓу најбројните посетители.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш