Кој стои зад обидите да се изигра спортската јавност? Кикбокс Маитаи федерацијата со жесток одговор

Соопштение на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија
„Не планирав да реагирам на поединци кои со месеци упорно се обидуваат да нарушат нешто што со години, со огромен труд и професионален ангажман е градено во нашиот спорт. Сепак, кога во јавноста со намерни неточности и манипулации се создава погрешна слика за работата на федерацијата, должни сме да одговориме јасно и недвосмислено.
Сакам да појаснам дека нарачателот на претходниот текст со соопштение во кое се наведува за наводна дискриминација при изборот на репрезентативниот состав на КМФМ за претстојното светско сениорксо првенство е човек кој раководи со фамилијарен клуб кој со години ја турка својата ќерка „на мала врата“ служејќи се со интриги. Оваа објава сметаме дека е тенденциозна од причина што тој и неговиот клуб сметаат дека токму нивната ќерка требаше и оваа година да се најде во репрезентативниот состав. Истото се случи и минатата година на Европското сениорско првенство во Атина, каде во репрезентација беше избрано друго девојче, но на нивно инсистирање и ургирање во составот на репрезентацијата беше додадена и нивната ќерка. Иако според нашата проценка таа не беше доволно подготвена за учество на европско првенство, сепак на ургирањето на родителите тренери одговоривме позитивно и се сложивме да ја приклучиме во тимот со цел тоа да и даде иден стимул за да подобар тренинг и мотив да се подобри и да освои подобри резултати. Очигледно е дека родителите-тренери сметале дека и оваа година, со сличен притисок, ќе го постигнат истото. Па затоа, сега преку медиуми, се обидуваат да издејствуваат повторно притисок за попуштање и нивната ќерка и оваа година да оди на Светското првенство; при тоа служејќи се со подла злоупотреба и обвинувања за родова нееднаквост и наводна измислена дискриминација на жените во спортот. Сакам да истакнам дека првенствено веќе е предоцна за реализација на ваква намера и обиди за реализација бидејќи репрезентацијата е формирана оддамна и во нејзин состав влегоа најуспешните натпреварувачи според резултати. Подготовките се во тек, а изборот е направен исклучиво врз основа на учество и успех на реномирани меѓународни турнири – 11 оваа година и актите на федерацијата. Нашите избрани репрезентативци се бореа со рангирани и квалитетни борци од други земји, кои се нивни потенцијални противници на претстојното Светско првенство и сите се државни прваци. За разлика од тоа, нивната ќерка ја пријавуваат на турнири со лабава конкуренција и таму употребуваат сопствено влијание за да обезбедат некој медал и нејзина победа. Да напоменам: и оваа година, на националното првенство во февруари, нивната ќерка ја изгуби борбата од девојче со едвај пет борби во кариерата. Па затоа ја водат илјадници километри на турнири без квалитет, само за да направи некаков резултат.
И уште нешто што јавноста треба да го знае. Кога веќе родителите-тренери одлучија јавно и мизерно да ја манипулираат јавноста со невистини, еве да покажам како нивниот фамилијарен клуб се служи со интриги и невистини. По Балканскиот куп во Тешањ, Босна (24–25 октомври годинава), во федерацијата, на медиумите и социјалните мрежи пласираа објави дека нивната ќерка освоила два златни медали, а клубот четири (https://pelanet.mk/?p=78259). Вистината е дека нивниот клуб освои само еден златен медал и тоа од друго девојче, додека нивната ќерка и уште една спортистка од клубот и покрај тоа што немале борба, пласираа јавна информација дека освоиле медали.

Како доказ постои официјален извештај од Sportdata и од организаторот на турнирот во кој јасно е наведено дека нивната ќерка и другата натпреварувачка воопшто не се бореле, а не пак да освоиле медали.

Со тоа се обиделе да подметнат три „златни“ медали, од кои две за нивната ќерка. Со вакви обиди за лажирање спортски резултати – што не им е првпат – свесно прават штета на системот за рангирањето во федерацијата. Бодовите се добиваат врз основа на реално освоени медали, а ваквите постапки, ако не се забележат навреме, директно ги оштетуваат другите спортисти и клубови и ја нарушува табелата за рангирање на спортистите и клубовите и табелата на успех. Таквото однесување не е родителско, не е спортско и не е фер кон сите останати клубови и натпреварувачи.
Дополнително, мајката-тренер на спортистката се наоѓа на висока позиција во Министерството за спорт и е член во Комисијата за родова еднаквост при Македонскиот олимписки комитет. Со оглед на таа функција, недозволиво и несоодветно е да се поддржуваат, пласираат или споделуваат во јавноста и на социјалните мрежи какви било неточни информации, манипулации или обвинувања насочени кон федерацијата, особено само за да се извојува лична корист. Ваквото однесување не е во согласност ниту со професионалните стандарди, ниту со позицијата која подразбира објективност, интегритет и одговорност.
Во нивната објава се тврди дека Министерството наводно секоја година доделувало средства за поттикнување на женскиот спорт и дека федерацијата вршела дискриминација затоа што годинава нема женски репрезентативец за ова првенство, поточно нивната ќерка.
Јас јавно и одговорно истакнувам дека федерацијата нема добиено никакви средства со таква намена, ниту пак нашите одлуки некогаш се темелеле на полова основа.
Спротивно од тврдењата за дискриминација, федерацијата доследно се раководи од полова рамноправност и еднакви можности, но исклучиво во рамки на спортските критериуми. Во нашата работа единствени релевантни параметри се: резултатите, формата, подготовката и исполнетите услови – а не полот или верата на спортистот.
Кога постојат спортистки кои ги исполнуваат пропишаните услови, тие секогаш се селектирани и поддржани. Оваа година, едноставно, немаше женски кандидат кој ги исполни стандардите за избор, што е спортски факт, а не дискриминациска одлука.
Годинава иако немавме доволно финансиски средства во споредба со програмата и планот за реализација, сепак имаме формирани репрезентации и реализирано настапи на дури 11 меѓународни турнири, организирано едно национално првенство и освоени многубројни медали.
Лажирањето резултати и пласирањето неточни информации во јавноста, меѓу клубовите и обвинувања кон раководството на федерацијата е недозволиво и подлежи на дисциплинска одговорност.
За ова е известена Дисциплинската комисија на нашата федерација, која ќе се произнесе по одржувањето на нејзината седница.“
Ново на Сител
-

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
-

Просечната плата во септември 45.466 денари
-

Реализирано есенско порибување во Национален парк „Маврово"
-

Мицкоски: Суштината е во тоа да не оценуваат за реформите и чекорите, а не според билатералните прашања и спорови
-

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“
-

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“
-

Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште во Канада
-

Вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје физички го нападнал неговиот колега со тврд предмет
