Кои се најголемите закани за човештвото?
Исчезнувањето на човековиот вид може да биде присутно само во кошмарите, но постојат многу начини тоа да се случи.
Поп-културата се фокусира само на најспектакуларните сценарија: Дали се сеќавате на астероидот од филмот „Армагедон“ или на вонземската инвазија во „Денот на независноста“?
Со оглед на фактот дека драматичниот крај на човештвото е можен, фокусирањето на ваквите сценарија може да значи игнорирање на најсериозните закани со кои се соочуваме во денешниот свет.
Но, може и да значи дека ние можеме да направиме нешто во врска со тоа прашање.
Вулкански закани
Во 1815 година, при ерупцијата на вулканот Тамбора во Индонезија, кој фрлаше вулканска пепел во горниот дел на атмосферата, настрадаа повеќе од 70.000 луѓе.
Тоа го намали количеството сончева светлина што стигнува до површината на Земјата, предизвикувајќи „година без лето“.
Езерото Тоба, од другата страна на Суматра, раскажува уште една страшна приказна. Таа е базирана на една навистина масовна супервулканска ерупција пред 75.000 години, чие влијание се чувствувало низ целиот свет.
Се претпоставува дека настанот довел до драматично намалување на населението, иако веродостојноста на ова е доведено во прашање во последно време.
Но, иако изгледите за супервулканска ерупција се застрашувачки, не треба да се грижиме премногу. Супервулканите и другите природни катастрофи не се поверојатни во 2019 година, отколку во која било друга година. Покрај тоа, генерално, ова е малку веројатно.
Зголемени закани
Истото, сепак, не може да се каже за многу глобални закани, предизвикани од луѓето.
На пример, Светската здравствена организација и Светскиот економски форум ги посочуваат климатските промени и последиците од тоа како еден од најголемите ризици за 2019 година.
На последните преговори на Обединетите нации беше констатирано дека климатските промени веќе се „прашање на живот и смрт“ за многу региони. Многумина, вклучувајќи го и Дејвид Атенборо, веруваат дека тоа може да доведе до колапс на цивилизациите и исчезнување на „голем дел од природниот свет“.
Заканите се комплексни и различни – од убиствените топлотни бранови и зголемувањето на нивото на морињата до широко распространетата глад и миграција во еден навистина огромен обем.
Потенцијалните ризици од нови технологии, како што се вештачката интелигенција, исто така, се зголемуваат.
Сценаријата варираат од се поусовршените кибер банки, со помош на кои податоците на целата нација можат да се користат за откуп, до автономни алгоритми кои ненамерно можат да предизвикаат колапс на берзата.
Друга закана е можноста од нуклеарна војна.
Доколку многумина се фокусираат на растечките тензии меѓу глобалните сили, новите технологии, исто така, може да нѐ направат помалку безбедни. Тоа се должи како на „сложените ситуации“ со нуклеарното и конвенционалното оружје, така и на ризикот вештачката интелигенција да „помогне“ во поттикнувњето на нуклеарната војна.
Друг заканувачки ризик е глобална пандемија. Се проценува, на пример, дека грипот во просек убива 700.000 луѓе годишно и ја чини светската економија 500 милијарди долари.
Сè погустата и мобилна човечка популација создава потенцијал за ширење нови видови грип, кои се полесно се шират. Тоа предизвикува загриженост во врска со идната епидемија, како на пример Шпанскиот грип од 1918 година, од кој починаа 50 милиони луѓе.
Но, од друга страна, широко распространетите програми за вакцинација и други мерки за превенција против болестите помагаат за намалување на тој ризик.
Разурнувачка иднина
Иако овие закани се реални, најголемата опасност со која се соочуваме во 2019 година, од глобална перспектива, се чини дека е на друго место.
Со речиси осум милијарди луѓе кои живеат на Земјата, се повеќе се потпираме на поддршката на глобалните системи. Тие варираат од околината, која ни обезбедува храна, вода, чист воздух и енергија, па до глобалната економија која ги трансформира во стоки и услуги.
Сепак, од намалувањето на биодиверзитетот до прекумерно проширување на инфраструктурата и снабдувачките синџири, многу од овие системи веќе се во опасност од прекин. И брзите климатски промени само ги влошуваат работите.
Со оглед на тоа, може да се каже дека глобалните ризици не треба да се дефинираат според големината на катастрофата што ги предизвикала, туку според нивниот потенцијал да ги нарушат виталните системи.
Од еруптирањето на исландскиот вулкан Ватнајокул во 2010 година никој не настрада, но го затвори воздушниот сообраќај во Европа шест дена.
Во 2017 година, кибер вирус исклучи делови од британската Национална здравствена служба (НХС) и други организации низ целиот свет.
Би-Би-Си – Лондон
Ново на Сител
-
Претседателот на Олимпијакос обвинет за поттикнување насилство во спортот
-
Мастурбирањето е половина машко здравје | Д-р Дејан Огненовиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 072
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра