„Коха диторе“: ОН вметнува ѕвездички и фусноти во називите на своите канцеларии во Косово
Агенциите на ОН на Косово вметнаа ѕвездички и фусноти во називите на своите канцеларии во Приштина, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Светската организација, наведува приштинскиот весник „Коха диторе“.
Во текстот под наслов „Механизмите на ОН ја оспоруваат државноста на Косово“, весникот пишува дека агенциите, фондовите и програмите на ОН почнале „да применуваат нови комуникациски стратегии на штета на Косово“.
- Тие тоа не го прават само во пишаните документи, туку и на интернет страниците и во налозите на социјалните мрежи, додава весникот.
„Коха Диторе“ оценува дека иако новата комуникациска стратегија на ОН му нанесува штета на меѓународниот имиџ на Косово, властите во Приштина воопшто не реагирале на ваквите измени.
- Напротив, властите дури овој месец обезбедија и финансиска поддршка за проектите на овие механизми на ОН, потенцира приштинскиот весник.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот