Кога Судскиот совет ќе изврши контрола врз работата на Апелација?
Членовите на Судскиот совет кои добија задача да ја испитаат работата на судиите од Апелација, денеска ќе одлучат кога ќе го посетат судот. Биле на долга седница, па дури по незјиното завршување, Радевска, Чачарова и Стевкова ќе договарат кога да ги посетат петтемина судии кои побараа ново судење за предметот Таргет-Тврдина.
Судскиот совет, вчера на итна седница одлучи тричлената работна група во најкус можен рок да го провери постапувањето на апелационите судии.
Од второстепениот суд, за Сител велат дека немаат најава кога судскиот совет ќе ја реализира работната посета, но велат дека таа може да биде и ненајавена.
Појаснуваат дека со увидот ќе се проверува АКМИС системот и активностите на судиите кои по 14 месеци откако го добиле предметот, одлучија дека пресудата за масовното прислушување е нејасна и ќе му ја вратат на Кривичниот суд.
Но, и по две недели од таквата одлука, предметот не е пристигнат во Кривичен кој е само 100тина метри оддалечен од Апелациониот суд.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
