Живот
26. September 2016 - 12:18

Кога стигнаа на градилиште ги пречека таа: Џиновска анаконда тешка 400 килограми

Во неделата попладне на интернет почна да кружи видео од џиновска анаконда која е убиена на градилиштето на хидроелектраната Бело Монте во Амазон.
 
Судејќи според информациите од медиумите, работниците извршиле контролирана експлозија во пештерата Алтамира и потоа во рушевините пронашле труп од огромна змија долга 10,6 метри и тешка над 400 кг. На снимката може да се види џиновската анаконда со смачкана глава, а веројатно паднала од карпа во текот на експлозијата.
 
Но е потполно јасно дали величествениот рептил умрел како последица од експлозиајта или го дотепале работниците на градилиштето, бидејќи во еден дел од видеото анакондата да ставиле во ланци и ја кренале со еден од крановите на градиштето.