Кога се разбудила старицата на градите го имала ова

Пензионерка стара дури 100 години, доживеала шок кога се разбудила во својот стан во Мајами. На градите и лежело некое чудно животно.
Старицата се преплашила, скокнала и побегнала во другата просторија. Веднаш го повикала својот зет, Карлос Агарас, која набрзо дошол да го изфрли животното од нејзината куќа.
-Ме разбуди телефонот околу два часот по полноќ, а во тоа време никогаш нема добри вести, на телефон беше мојата баба која ме повика да и помогнам, вели Карлос.
Кога дошол кај неа, животното побегнало на таванот. Тој се обидел да го намами непознатото животоно со храна и да го пикне во кафезот што го имале дома, додека не стигна ветеринарната служба. Кога стигнале ветеринарите го идентификувале животното како кинкаџу, редок вид, кој припаѓа на родот на ракуни, а обично живее во дождовните прашуми. Го нарекуваат уште и “диво куче“ или ноќен мајмун“.
Доктор Харис кој го проучува овој вид, верува дека овој кинкаџу е нечие побегнато домашно милениче.
-Сепак дивото животно не би можеле никогаш мирно да заспие врз човек, бидете сигурни во тоа, вели докторот.
Подоцна се открило дека животното побегнало од својот газда и дека се вика Банана. Необичниот кинкаџу им е вратен на сопствениците.
Ново на Сител
-

Новиот закон за сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
