Кога и како ќе продолжат преговорите за уставни измени? ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и натаму си разменуваат ставови
Пет дена по лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и натаму си разменуваат меѓупартиски ставови се уште без информации дали и во каков формат ќе продолжат разговорите помеѓу партиите.
Во интервју за Дојче Веле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека партијата се уште чека одговор од СДСМ, која од нивните понуди е прифатлива.
Ние чекаме одговор. Непродуктивно и бесцелно е да се продолжи со какви било разговори или работни групи, ако тие не се сложуваат за предлозите кои ги дадовме. Ние ќе почекаме уште некој ден. Наместо да трошат енергија на посипување пердуви, нека имаат суштински состаноци и нека излезат со став. Она што го понудив е промена на околностите, заштита на националните интереси и европска интеграција. Ако се пропушти и оваа шанса, јасно е дека процесот е целосно заглавен, дека СДСМ има намера да донесе решение кое ќе биде штетно, а единствената брана за такви уставни измени ќе останат ВМРО- ДПМНЕ и пратениците кои нема да дозволат тоа да помине. Во тој случај изборите се единственото логично решение, СДСМ треба да се охрабри и да ја прифати подадената рака за преодна влада, вели Мицкоски во интервју за Дојче Веле.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека