-->
-->
Кога и градоначалникот е против Ливерпул?!
-->
Градоначалникот на Ливерпул, Џо Андерсон влезе во конфликт со управата на фудбалскиот клуб Ливерпул откако посочи дека плановите за продолжувањето на Премиер лигата се „невозможни“ бидејќи навивачите ќе се соберат пред „Енфилд“ да ја прослават толку долго очекуваната титула.
Андерсон, кој инаку е навивач на Евертон, смета дека сезоната треба да биде прекината, а Ливерпул да ја добие титулата, но дека можноста тие да ја прослават титулата на теренот, дури и на неутрален стадион би било преголем проблем за организирање. Полицијата во Англија повеќе пати предупреди дека враќањето на фудбалските мечеви без публика ќе резултираат во собирање на групи навивачи.
„Дури и да се случи без публика, ќе има илјадници луѓе кои ќе се појават пред ’Енфилд’ од кои малкумина ќе ги почитуваат правилата, така што тоа е невозможно да се оствари. Дури и да се игра на неутрален терен, многу луѓе ќе дојдат пред стадионот да прослават. Тоа ќе биде фарса. Има стотици луѓе кои умираат од болеста во болниците и не треба да ја третираме ситуацијата како нормална“, изјави Андерсон за „Би-би-си“.
Од Ливерпул веднаш одговорија дека се „разочарани“ од коментарите на градоначалникот, посочувајќи дека нема докази за неговите тврдења и додавајќи дека клубот е фокусиран на кризата со корона вирусот.
„Како клуб, ние сме свесни и разочарани од коментарите на градоначалникот Џо Андерсон. Покрај недостатокот на докази за неговото тврдење за фудбалот без навивачи, мора да се посочи дека последните недели ние сме во контакт со навивачите групи кои повеќе пати посочија дека ќе ги почитуваат правилата за социјално дистанцирање и при враќањето на фудбалот“, се вели во соопштението на клубот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење